Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски ова лето би можел да го напушти Баерн Минхен, а како негов следен клуб се споменува Барселона.
Овој 32-годишен напаѓач ја одби понудата за да го продолжи договорот со баварскиот гигант и реши да си замине ова лето, иако има соработка до 2023 година.
Веќе некое време се шпекулира дека Левандовски сака да се пресели во Шпанија, а наводно негова желба е да игра во Барселона.
Каталонски „Спорт“ објави дека Левандовски веќе донел одлука и тргнал во акција, па се обидува на сите начини да ја убеди управата на Баерн да го продаде ова лето.
Баерн Минхен наводно ќе бара 35 милиони евра за услугите на полскиот напаѓач, кој игра во фантастична форма.
🚨 Robert Lewandowski has started to force his exit from Bayern Munich. He is pushing for this Barcelona move.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 12, 2022
(Source: @sport) pic.twitter.com/w7GWI79Y4O