Левандовски: Ќе ја вратиме Барселона на врвот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот фудбалер Роберт Левандовски конечно пристигна во Барселона во трансфер вреден 50 милиони евра.

Искусниот голгетер кажа за клупската телевизија на Барселона дека дошол да помогне да се врати тимот на врвот.

„Конечно стигнав во Барселона. Во претходните денови постигнавме договор. Подготвен сум за нов предизвик. Моја желба беше да играм во Шпанија, а тука сум да помогнам и да ја вратиме Барселона на врвот“, кажа Левандовски.

Каталонскиот гигант последниот трофеј во Ла Лига го освои во 2019 година, а на трофеј во Лига на шампиони (ЛШ) чека од 2015 година.