Левандовски почека да падне „прашината“, па даде краток коментар за „Златната топка“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси ја освои „Златната топка“ по седми пат во кариерата, откако зад себе го остави Роберт Левандовски со само 33 гласови.

Меси е рекордер со седум освоени награди, но фудбалската јавност смета дека Полјакот требало да ја добие „Златната топка“ бидејќи минатата година беше фантастичен со Баерн Минхен.

Левандовски почека да падне „прашината“, која се крена по вчерашниот избор за најдобар фудбалер во светот за минатата година, па напиша кратка порака на Инстаграм.

„Честитки до Меси за наградата. Сакам да им се заблагодарам на новинарите кои гласаа за мене и сметам дека направив нешто важно во 2021 година. Освоив награда за најдобар напаѓач во годината, но никој не може да стигне до такво нешто без помош од силен тим и верни навивачи“, напиша Левандовски меѓу другото во пораката на Инстаграм.