Левандовски: Се надевам дека следна сезона ќе играм со Меси!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски кажа дека Лионел Меси ѝ припаѓа на Барселона и се надева дека фудбалерот на ПСЖ ќе се врати на „Камп Ноу“.

Полјакот беше на презентација на 18 издание на книгата „Приказните за спортска солидарност“, односно настан за собирање средства за фондацијата „Ловаас“.

„Меси припаѓа во Барселона и доколку се врати ќе биде неверојатно. Знаеме дека неговото место е тука во Барселона, не знам што ќе се случи, но се надевам дека следната сезона ќе може да играме заедно“, кажа Левандовски.

Барселона во моментов има 13 бодови повеќе од Реал Мадрид на 10 кола пред крајот.