Левандовски се сретна со ѕвездите на Барселона (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полскиот напаѓач Роберт Левандовски синоќа се приклучи на подготовките на Барселона, откако пред неколку дена беше потврден неговиот трансфер во каталонскиот гигант.

Левандовски пристигна во Мајами, каде што се сретна со неговите нови соиграчи во Барселона, а тие го пречекаа со воодушевување.

Полјакот без сомнеж ќе биде големо засилување за каталонскиот гигант, кој ќе се бори да ја врати титулата во Ла Лига, која минатата сезона му припадна на Реал Мадрид.

Одличниот напаѓач потпиша тригодишен договор со Барселона со опција истиот да го продолжи на уште една сезона, а исто така Баерн доби 45 милиони евра плус пет во бонуси за неговиот трансфер.