Левандовски: Среќен сум во Баерн, доцна е за заминување


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роберт Левандовски заврши на осмото место во Париз на доделувањето на наградите за најдобар играч во светот.

Одличниот Полјак има постигнато 27 погодоци оваа сезона, но ни тоа не му помогна.

Не е тајна дека претходно беше на мета на Реал Мадрид, но јасно е дека сега од тоа нема да има ништо.

„Сега е касно за тоа. Имам 31 година и сакам да одиграм уште некоја“, беше јасен Полјакот и најави дека најверојатно својата кариера ќе ја заврши во Баерн.

„Среќен сум во Баерн, тој е еден од најголемите клубови на светот и тешко е да ја смениш средината. Во Баерн имам се што е потребно.“, додаде одличниот напаѓач.

 За самата церемонија во Париз изјави:

„Не сум разочаран и среќен сум што сум во вакво одлично друштво. Резултатите од такво големо и разновидно гласачко тело треба секогаш да ги земеме како резерва. Поради тоа не очекував подобро место. Она што го работам оваа сезона ќе се покаже наредната година и затоа сум мирен и не сум разочаран“, рече Левандовски и продолжи:

„Што да правам за идната година да бидам на подобра позиција на оваа листа? Морам да имам уште подобро бројки и тоа им е јасно на сите. Свесен сум дека сум Полјак и затоа морам да бидам среќен со местото кое го освоив оваа година“.