Левандовски стана трет стрелец во ЛШ во историјата!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Германскиот гигант Баерн Минхен синоќа славеше со 4-1 против Лацио и така дојде на чекор од четвртфинале во Лигата на шампиони (ЛШ).

Уште во деветтата минута Роберт Левандовски го казни непрецизното додавање на Матео Мусакио, по што погоди за 1-0, а тоа беше негов 72. гол во ЛШ, па така го премина легендарниот Раул Гонзалес на вечната листа.

Над Левандовски се наоѓаат само двајца фудбалери, а тоа се Кристијано Роналдо со 134 голови и Лионел Меси со 119.

Машината на Баерн сигурно нема да застане тука и ќе тргне по Роналдо и Меси, иако тие се веќе многу далеку од него.