Левандовски урна нов рекорд и се запиша во историјата на Бундеслигата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Роберт Левандовски сезонава реши да урне неколку рекорди во Бундеслигата, а последниот кој успеа да го сруши беше тој на Пјер-Емерик Обамејанг од 2017 година.

Обамејанг тогаш постигна 31 гол во сезона и тоа во дресот на Борусија Дортмунд, па стана странец со најмногу голови во Бундеслигата.

Левандовски сезонава постигна 32 во Бундеслигата, па така го урна рекордот на Обамејанг. А доколку ги сметаме сите натпревари сезонава, поточно во сите натпреварувања, Полајкот постигна 47 голови.