Левандовски за Мбапе: Не се плашиме од него!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Килијан Мбапе наскоро треба да го облече дресот на Реал Мадрид, па така „кралевите“ ќе бидат уште посилни следната сезона.

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски даде коментар за новото засилување на големиот ривал.

„Сè уште ништо не е официјално, но сите патишта водат кон Реал Мадрид. Мбапе е неверојатен фудбалер. Меѓутоа, ние не се плашиме од него. Нашиот менталитет е победнички“, кажа Левандовски.