Леванте мора да го продаде Барди за да се спаси од пропаст?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Леванте се соочува со големи финансиски проблеми, а минусот од 16,5 милиони евра според финансискиот фер-плеј тимот ќе мора да го покрие на некој начин.

Шпанските медиуми пишуваат дека Леванте ќе бара спас од кризата со продажба на фудбалери, а еден од нив ќе биде македонскиот репрезентативец Енис барди, чиј трансфер би можел да ги извлече од лошата ситуација.

Барди вреди околу 15 милиони евра, но заинтересираните клубови можеби би требало да понудат повеќе пари ако сакаат да го купат македонскиот фудаблер од екипата на Леванте.

Како и во минатото, многу екипи се заинтересирани за потписот на Барди, а тоа се Арсенал, Фенербахче, Галатасарај, како и Валенсија.