Леванте со продажба на Барди може да заработи – еден тон пари!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ објави дека македонскиот репрезентативец Енис Барди има повисока цена за разлика од минатата година, па доколку Леванте реши да го продаде, сигурно ќе заработи многу пари.

Барди пред три години пристигна во шпанскиот тим за 1,5 милиони евра од Ујпешт и слободно може да се каже дека неговата цена скокна вртоглаво.

„Марка“ пишува дека Македонецот во моментов вреди околу 30 милиони евра, поради тоа што Македонецот заврши како најдобар стрелец на тимот по рестартот на сезоната во Ла Лига.

Леванте ја заврши сезоната на 12. позиција на табелата во Ла Лига, а тоа е напредок од три позиции за разлика од минатата година.