Леверкузен го налути Баерн Минхен, па доживеа катастрофа (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во дербито на 30 коло од Бундеслигата играа Баер Леверкузен и Баерн Минхен, а гостите успеаа да победат со 4-2 и да стигнат на чекор до титулата, иако домаќините први стигнаа до водство.

„Фармацевтите“ постигнаа гол во 10. минута, по што Баерн направи целосен пресврт до крајот на првото полувреме (3-1). Веднаш потоа Роберт Левандовски зголеми на 4-1, а Леверкузен го ублажи поразот во 89. минута.

На останатите натпревари Маинц го совлада Франкфурт со 2-0, Дизелдорф одигра 2-2 против Хофенхајм, додека Лајпциг ремизираше со Падерборн (1-1).