Леверкузен ја одреди цената – бара богатство за потписот на Вирц!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баер Леверкузен оваа сезона воодушеви со настапите и ја освои Бундеслигата, а еден од најзаслужните за тоа е Флоријан Вирц.

Вирц со неговите настапи привлече голем интерес од европските гиганти, а Леверкузен би можел да го продаде човекот кој оваа сезона постигна 17 голови и 18 асистенции.

Извршниот директор на „фармацевтите“ потврди дека постои можност за продажба, но само под еден услов.

„Ние имаме двапати помал буџет од Борусија Дортмунд и четири-пет пати од Баерн Минхен. Немаме дополнителни приходи и затоа мора да продаваме дел од најдобрите играчи. Ако некој го сака Вирц, ќе мора да плати 150 милиони евра“, кажа директорот.