Лицемерни Британци: Го нападнаа Ѓоковиќ поради маска, а за забавата на Ливерпул – ниту збор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул беа пресреќни синоќа по победата против Челси од 5-3, зашто конечно ја прославија титулата на која чекаа цели 30 години.

Иако полицијата ги предупреди навивачите да не слават пред стадионот, а тоа ги замоли и тренерот Јирген Клоп, поради ризик од ширење на Ковид-19, сепак тие не ги послушаа.

Илјадници навивачи беа пред „Енфилд“ за време на мечот и по него, па се славеше како да е нормална состојбата во Британија и како да нема никаков вирус.

Интересно е тоа што британските медиуми не го осудија масовното собирање на навивачите без маски за време на Ковид-19, но тие удрија по српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој не носеше маска, иако беше во близина на еден негов пријател.