Лидс ќе го награди Биелса за пласманот во Премиерлигата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот тренер Марсело Биелса добро ќе го наплати пласманот на екипата во Премирлигата, и тоа со подобар договор со клубот.

Аргентинецот ќе остане во клубот до 2022 година, а подобар договор му подготви управата бидејќи Лидс се враќа во Премиерлигата по 16 години.

„Виктор Орта, Андреа Радриззани и јас ќе бидеме директни со Марсело кога ќе правиме планови за следната сеззона. Тој има продолжение на договорот како опција, знае каде сака да го насочи клубот, од ззасилување на екипата до неговите лични услови, кои мора да се решат“.

Биелса има договор според кој добива 6,6 милиони евра, а ќе добие зголемување од 2,2 милиони евра.