Лидс си најде замена за Алиоски, и тоа во – Барселона!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британските медиуми објавија дека Лидс се договорил со Барселона за трансфер на левиот бек Жуниор Фирпо, кој не се покажа премногу во каталонскиот гигант.

Барселона го купи Фирпо од Бетис за 18 милиони евра, но не играше како што очекува Роналд Куман, па поради тоа ќе биде продаден во Премиерлигата.

Овој 24-годишен лев бек доаѓа по барањето на тренерот Марсело Биелса и тоа најверојатно значи заминување на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски од тимот.

Трансферот на Фирпо ќе чини 15 милиони евра, а сега само следат преговори со фудбалерот и наскоро се очекува потврда на трансферот.

Ова најверојатно ќе значи заминување од Алиоски, кој се уште не го продолжил договорот со англискиот клуб, а за него се заинтересирани неколку тимови од Турција.