Лидс со „петарда“ за Њукасл, Алиоски се запиша во листата со стрелци! 🎥


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидс славеше со 5-2 против Њукасл, а во убедливата победа во листа на стрелци се запиша и македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски.

Њукасл постигна прв гол преку Хендрик, по што Бамфорд израмни на 1-1. Во вториот дел Лидс направи пресврт преку Родриго, а Кларк израмни на 2-2.

Во финишот Лидс заигра фантастично, па Далас стрелаше за 3-2, а потоа Алиоски и Херисон ги поставија конечните 5-2.

Лидс со денешниот триумф се искачи на 13. место со 17 бодови, колку што има и Њукасл на една позиција подолу на табелата.