Лигата на шампионите синоќа го доби својот дебитант во елитното натпреварување


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Понекогаш малку среќа е доволно за да се исполни сонот. Откако се потврдија резултатите од четвртфиналето од Лигата на Европа, Лигата на шампионите доби нов дебитант за сезоната 2020/21.

За прв пат во историјата на клубот, во групната фаза од елитното натпреварување ќе играат фудбалерите на Рен кои во прекинатата сезона во Лига 1 ја завршија на третото место.

Рен требаше да игра во плеј-офот, но по победата на Севилја над Вулверхемптон имаше некои промени во квалификациите за сезоната 2020/21.

Освен Рен, искористи и Војводина, која наместо во второто ќе игра во третото квалификациско коло од Лига Европа како победник на Купот на Србија.

Резултатите се поклопија и за Славија од Прага, која заврши во групната фаза од Лигата на шампионите како шампион на Чешка, додека Краснодар ќе игра во плеј-офот за елитното натпреварување.