Лилард и Харден се селат во Лос Анџелес?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лос Анџелес Клиперс потпишаа договор со Расел Вестбрук, но раководството на тимот не мисли да запре затоа што на листата со желби се наоѓаат и Демијан Лилард и Џејмс Харден.

Вестбрук претходно потпиша двегодишен договор со Клиперс вреден 7,8 милиони долари, а екипата од Лос Анџелес сака уште неколку искусни ѕвезди за да може да ја нападне титулата.

Лилард и Харден побараа трејд од Портланд и Филаделфија, па само прашање е на време кога ќе добијат официјални понуди од Клиперс.