Лингард ѝ даде гол на Андора, па прослави како – Роналдо! 🎥


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се врати во Премиерлигата, и тоа во неговиот поранешен тим Манчестер јунајтед, а тоа ги возбуди навивачите, но и неговите нови соиграчи.

Тоа можеше да се забележи и на натпреварот меѓу Англија и Андора (4-0), кога Џеси Лингард постигна погодок и прослави во стилот на Роналдо.

Лингард минатата сезона играше на позајмица во Вест хем, каде што се покажа солидно, додека сезонава се очекува да остане на „Олд Трафорд“.