Лингард ќе си ја бара среќата во Јужна Кореја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард е на добар пат да направи трансфер во Јужна Кореја.

Лингард е без тим откако ја прекина соработката со Нотингем Форест, а неговото име во меѓувреме се поврзуваше со многу тимови.

„Скај Спортс“ пишува дека Лингард добил понуда за двегодишна соработка со Сеул, па наскоро треба да го каже својот конечен одговор.

Лингард има 31 година и во кариерата играше за Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест хем.