Ливерпул доби нов стопер, се чека потпис со уште еден!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул го ангажираше Бен Дејвис од Престон, и тоа во последните моменти од преодниот рок.

Овој стопер имаше договор и со Селтик, но на крајот го избра Ливерпул затоа што се надева дека поради повредите во тимот, ќе добие шанса кај Јирген Клоп.

Ливерпул ќе плати вкупно 1,6 милиони фунти за неговиот ангажман, а информацијат абеше потврдена на официјалниот веб-сајт.

Нема да завршат тука „црвените“, туку тие ќе се обидат да потпишан и со Озан Кабак до крајот на преодниот рок.