Ливерпул добива богати газди од Блискиот Исток?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул оди на продажба, а веќе почнаа да пристигнуваат понуди за поранешниот европски шампион.

Раководството на Ливерпул наводно разговарало со двајца потенцијални газди, а „Дејли Мејл“ објави дека богати бизнисмени од Саудиска Арабија и Катар сакаат да го купат премиерлигашот.

Двете групи се приватни компании, односно не се во државно сопствеништво, а наводно бизнисмените нудат три милиони фунти за да го преземат клубот.