Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Иднината на Душан Влаховиќ сè уште е една од главните теми на летниот трансфер период, а српскиот напаѓач сега се соочува со важна одлука.
Според наводите на шпанскиот весник „Спорт“, Бешикташ одлучи да ги забрза преговорите и му постави на Влаховиќ јасен рок за одговор.
Турскиот великан му даде 24 часа на 26-годишниот напаѓач да се изјасни дали ја прифаќа нивната понуда или ќе бара нова средина.
Во Бешикташ не сакаат предолго да чекаат разрешување на ситуацијата, поради што решиле да постават временско ограничување и што побрзо да се информираат за состојбата.
Иако понудата од Истанбул е на маса, Влаховиќ сè уште не ја донел конечната одлука за продолжување на кариерата.
Причината за тоа е фактот дека тој и понатаму внимателно го следи развојот на ситуацијата во Барселона, која веќе некое време се поврзува со неговото име.
















