Ливерпул доминантен, Челси се намачи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вечерва се одиграни голем број на натпревари од 1/32 финалето на ЕФЛ Куп, а на сцена беа и некои големи клубови.

Челси на својот терен потешко од очекувањата го совлада Бристол Роверс а резултатот беше 3:2. Сините преку Батшуаји и Мосес во 29 и 31 минута стигнаа до 2:0, а тогаш Хартлеи во 35 минута намали на 2:1.

Резултатот од првото полувреме во 41 минута го постави со својот втор гол одличниот Батшуаји.

Бристол на почетокот на второто полувреме, поточно во 48 минута преку Харисон од белата точка намали на 3:2, но со минимален пораз се испостави како максимум на Бристол.

Ливерпул беа многу расположени на гостувањето кај Бартон. Редсите славеа со  5:0, а погодуваа Ориги (15), Фирмино (22) и Стариџ (78 и 83). Еден гол даде и Нејлор, кој во 61 минута го матираше својот голман.

Кристал Палас славеше поротив Блекпул со 2:0, а со истиот резултат до победа над Челтенхам стигна и Њукасл. КПР беше подобар од Рочдал (2:1), Стоук од Стивиниџ (4:0), додека најнепријатното изненадување го приреди Вотфорд кој после продолженија е елиминиран од Гилинхам на својот терен (1:2).