Ливерпул доведува уште еден фудбалер на Саутемптон


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Напаѓачот на Саутемптон, Садио Мане е на спискот на желби на тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Раководството на клубот од Енфилд мислат дека понудата од 40 милиони евра е задоволувачка за 24-годишниот Сенегалец кој во 2014-та година беше доведен во Саутемптон од Салзбург за 13 милиони евра.

Мане минатата сезона постигна 11 погодоци на 37 натпревари.

Во минатите 2 години 4 фудбалери на Саутемптон се преселија во Ливерпул. Рики Ламберт, Дејан Ловрен и Адам Лалана во 2014-та година се преселија на Енфилд, а една година подоцна и Натаниел Клајн го направи истото.