Ливерпул дозна лоши вести по прегледите на Хендерсон


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Џордан Хендерсон најверојатно ќе паузира до крајот на сезоната, како што објавија англиските медиуми.

Хендерсон се повреди на дуелот против Евертон и се предвидува пауза од два месеци, но последните информации се дека капитенот на тимот ќе паузира до крајот на сезоната.

Ова е само уште еден удар за екипата на Јирген Клоп, која немаше среќа со повредите сезонава, а поради тоа испадна и од трката за титулата.

Ова би можело да значи дека Хендерсон нема да настапи ниту на Европското првенство, кое е закажано за летово.