Ливерпул е наострен за титулата: Му даде шест голови на Блекбурн на пријателската средба на „Енфилд“ (Видео)

Екипата на Ливерпул дефинитивно се наостри за продолжението на сезоната во Премиер лигата.

На избраниците на Јирген Клоп им требаат само уште две победи за и математички да ја обезбедат титулата во англискиот шампионат.

Пред рестартот на сезоната, Ливерпул беше домаќин на тимот на Блекбурн во пријателска средба одиграна на „Енфилд“.

„Црвените“ славеа со убедливи 6:0, а погодоците ги постигнаа Садио Мане, Наби Кеита, Такуми Минамино, Жоел Матип, Ки-Јана Ховер и Лејтон Кларксон.