Ливерпул го плати 100 милиони, тој шутираше кон гол и за малку ќе погодеше корнер знаменце!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот англиски шампион Ливерпул долго време бараше напаѓач, а летово реши да плати 100 милиони евра за Дарвин Нуњез, откако претходно од екипата си замина Садио Мане.

Нуњез одигра три меча во Премиерлигата за Ливерпул, а притоа можеше да се забележи дека не функционира најдобро на теренот и ќе му треба време да се прилагоди.

Младиот фудбалер очигледно нема нерви, а тоа го покажа против Кристал Палас каде што заработи црвен картон откако удри еден противнички фудбалер.

На социјалните мрежи се појави и снимка од тренингот на Уругвај, каде што напаѓачот со прекршок одзема топка, па испрати удар кон гол, а топката за малку ќе го погодеше корнер знаменцето.