Ливерпул го продаде Мињоле и веднаш донесе негова звучна замена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул по шест години го пушти Симон Мињоле да си замине и да се врати во Белгија каде потпиша договор со Клуб Бриж.

Веднаш потоа беше потврден ангажманот на поранешниот голман на Вест Хем, Адриан кој на „Енфилд“ пристигна како слободен агент.

„Навистина сум среќен што ќе имам можност да работам во овој огромне клуб. Многу сум амбициозен, дојдов овде за да се обидам да освојам се што може да се освои.  Со нетрпение очекувам да го одиграм првиот натпревар за Ливерпул и да соберам што е можно повеќе натпревари“ –истакна Адриан.