Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот на 2-то коло на англиската Премиер Лига гледавме интересен натпревар помеѓу Тотенхем и Ливерпул на Вајт Харт Лејн кој заврши нерешено, 1:1.
Црвените го отворија подобро натпреварот, а првата шанса за погодок ја имаа во 5-та минута кога Ворм го одбрани одличниот удар на Филипе Кутињо. Шанса на другата страна во следната минута, Ериксен шутираше, а Симон Мињоле го спаси Ливерпул. Пред крајот на првото полувреме судијата Роберт Медли досуди пенал за Ливерпул. Џејмс Милнер ја зеде топката и погоди за водство на гостите. Матип во второто полувреме одлично се закани со глава по голот на Ворм, но ја погоди пречката. Се редеа шанси за домаќините и конечно Дени Роуз ја погоди мрежата и ги постави конечните 1:1.
Ливерпул во следното коло игра на Енфилд против Лестер, а Тотенхем му гостува на Стоук.