Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул остана и без услугите на Џордан Хендерсон, кој се повреди на натпреварот против Белгија во Лигата на нации и сега се очекуваат дополнителни прегледи, по кои ќе биде познато колку време ќе паузира капитенот на актуелниот шампион.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт кажа дека Хендерсон истегнал мускул и дека проблем била неговата физичка подготвеност, а стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева дека нема долго да паузира еден од најважните фудбалери, зашто веќе има сериозни проблеми со повредени играчи.
Робертсон е на листата на повредени, како и Вирџил Ван Дајк и Џо Гомез. Исто така, Клоп не може да смета на Александер Арнолд, кој не е доволно подготвен за мечот против Лестер.
Уште еден голем проблем е тоа што Мохамед Салах мора да биде во задолжителна изолација поради ковид-19, а не е познато ниту дали ќе се вратат на теренот Тијаго Алкантара и Окслејд-Чемберлејн.