Ливерпул ќе го продава Салах, а веќе ја одреди и цената


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Англискиот гигант Ливерпул планира да го продаде Мохамед Салах на крајот на сезоната, а веќе е позната и неговата цена.

Салах со години беше лидер на Ливерпул, но екипата игра ужасно, а многумина го критикуваат Египќанецот поради лошите резултати.

„Калчомеркато“ објави дека Ливерпул е подготвен да го продаде Салах за 80 милиони евра, а за неговите услуги е заинтересиран ПСЖ.

Салах потпиша за Ливерпул во 2017 година, а притоа одигра 284 меча за премиерлигашот и постигна 173 голови, но и 70 асистенции.