Ливерпул конечно почнува, купува во Реал Мадрид?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Реал нема место, во тимот на Јирген Клоп одлично би се вклопил.

Газета Дело Спорт соопшти дека Ливерпул би можел да и ги расипе плановите на Рома и да го доведе Матео Ковачиќ од Реал Мадрид.

Иако Ковачиќ беше на чекор од Рома, Ливерпул се појави со понуда од 30 милиони евра.

Рома не сака да ја плати таа сума на пари, а Ливерпул без размислување би вложил 30 милиони евра за нов креатор на играта.

Ковачиќ би можел да покрива неколку позиции во тимот.

Не е исклучено Хрватот да биде пратен на позајмица во Ливерпул со можност за откупување.

Ковачиќ стигна во Реал минатото лето, но не се наигра многу.