Ливерпул може да ја прослави титулата со “старите” дресови


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот на Ливерпул е на еден чекор од титулата во англиската Премиер лига.

Скоро е сигурно дека Црвените ќе бидат први што ќе поминат низ целта доколку сезоната продолжи, а поради сите настани со прекинот на сезоната, екипата од Енфилд се најдоа во неволја затоа што нивниот договор со производителот на спортска опрема Њу Баланс истекува на 31. мај.

Ливерпул ќе игра во опремата на славниот Најк од следната сезона, па раководството на клубот се нашло во неволја затоа што договорот со познатиот американски производител нема да им дозволи да го подигнат трофејот во опремата на друга марка.

Сепак, Најк имаше разбирање за Ливерпул. Нив им е дозволено да ја завршат сезоната во опремата на сегашниот производител и Црвените ќе го подигнат трофејот во опремата на Њу Баланс.

Ливерпул потпиша договор со Најк вреден 70 милиони фунти по сезона, а во моментот ја користат опремата на Њу Баланс во претходните пет години.