Ливерпул му го краде на Арсенал германецот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англискиот Ливерпул сака да го доведе фудбалерот на Валенсија, Шкодран Мустафи и да му го украде на Арсенал, соопшти Кадена Копе.

Ливерпул е спремен да понуди 24 милиони евра плус Луис Алберто кој минатата сезона беше пратен на позајмица во Депортиво.

Германскиот репрезентативец последните неколку недели преговара со тренерот на Арсенал, Арсен Венгер, ги договори личните услови, но клубовите не се договорија.

Валенсија мора ова лето да го продаде дефанзивецот за да заработи пари бидејќи ќе му истече договорот следната година.