Ливерпул нема да може да го угости Реал на „Енфилд“, познато е зошто!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ливерпул и Реал Мадрид оваа сезона можат да се сретнат во групната фаза од Лигата на шампионите, но евентуалниот нов дуел на европските великани нема да може да се одигра на Енфилд. Причината е дополнително правило на УЕФА со кое се спречува истиот клуб да биде домаќин на истиот противник три сезони по ред во групната фаза.

Реал Мадрид беше гостин на Ливерпул во претходните две сезони од Лигата на шампионите, па евентуалниот трет последователен дуел би морал да се одигра на Сантијаго Бернабеу.

Станува збор за ограничување поврзано со ждрепката на новиот формат на лигата, а не за тоа дека Ливерпул и Реал не можат повторно да бидат извлечени како противници.

УЕФА со ова ограничување сакаше да спречи да се повторуваат исти парови со идентично домаќинство во сезоните на новиот формат на Лигата на шампионите.

Тоа значи дека топчињата сè уште можат да ги спојат Ливерпул и Реал Мадрид. Доколку тоа се случи, овојпат домаќин ќе треба да биде шпанскиот клуб.