Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ливерпул веќе долго време размислува за засилување за новата сезона, особено во нападот.
Се појавија шпекулации дека „црвените“ може да остават sвезди како Мане и Фирмино во текот на летото, но без разлика дали Сенегалецот и Бразилецот ќе го напуштат Ливерпул сака „свежа крв“ на офанзивната линија.
Одамна се шпекулира дека патот на Ливерпул може да ги води кон Лајпциг и Тимо Вернер, кој самиот „загриза“ за идејата да се испроба на „Енфилд“, но тој не е единствениот на списокот со желби на Јирген Клоп.
Виктор Осимхен долго време е на радарот на Ливерпул кој 21-годишен Нигериец.
Меѓутоа, ако „црвените“ сакаат да донесат добар напаѓач на „Енфилд“, тие ќе треба да издвојат огромна сума пари – дури и според денешните стандарди.
Француските медиуми пренесуваат дека Лил има одредено цена и дека нема намера да го испрати Осимхен никаде без 100 милиони евра.
Сума што може да биде превисока во моментот. Тешко е да се поверува дека Ливерпул ќе даде 100 милиони евра за Осимхен, и покрај тоа што Нигериецот игра одлична сезона.
Тој пристигна во Лил летово од белгискиот Шарлерои за 12 милиони евра, а досега има одиграно 38 натпревари во сите натпреварувања за францускиот клуб, постигнувајќи 18 голови и забележа шест асистенции.
Да потсетиме, Лил летово го продаде Николас Пепе на Арсенал за 80 милиони евра.