Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера угледниот Форбс пишуваше дека Ливерпул наредната сезона ќе го промени спонзорот на дресовите. Наместо New Balance би требало да биде Nike, а Редсите со оваа компанија би требало да го потпишат најбогатиот спонзорски договор кога е во прашање англиската Премиер лига.
Сега стигнуваат вести дека Ливерпул планира и да го реконструира својот стадион.
Енфилд последен пат претрпе реконструкција во 2016. година и од тогаш неговиот капацитет е 54.074 гледачи.
Тоа е шести најголем капатите на еден стадиот во Премиер лигата, но Редси сакаат да го прошират.
Целта е стадионот да може да прими повеќе од 60.000 гледачи.
„Преостанато е само да се договорат деталите. На добар пат сме да го пронајдеме најдоброто можно решение“, изјави извршниот директор на Ливерпул Енди Хјуџс.
Да потсетиме, Ливерпул утре токму на Енфилд го игра големото дерби со Арсенал од 18.30 часот.