Ливерпул победи во градското дерби против Евертон (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул во градското дерби против Евертон на „Енфилд“ славеше со 2-0, а головите ги постигнаа Ендру Робертсон и Дивок Ориги.

Овој меч за двете екипи беше многу важен, затоа што Ливерпул се бори за титулата, додека Евертон се надева на опстанок во елитата.

Првиот гол за победничкиот тим го постигна Робертсон во 62. минута, откако го искористи додавањето на Мохамед Салах, а потоа Ориги доби асистенција од Луис Дијаз и ја смести топката во мрежата на ривалот.

Тимот на Франк Лампард во моментов е во зоната на испаѓање и има 29 бодови со меч помалку во однос на конкуренцијата.