Ливерпул се прости од Америка без победа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул ја заврши американската турнеја со ремито против Спортинг и резултат од 2-2.

Можното засилување на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандез продолжи со голгетерската серија од минатата сезона. Тој го изненади Мињоле на стартот.

Редсите го засилија темпото после 20тина минути игра. Ориги се поклони пред голот на Португалците за изедначување. До полувремето следеа неколку шанси, но и гол на Вајналдум по центрирањето на опоравениот Чембрлен.

Сепак, на стартот на вториот дел, Вендел израмни на 2-2, што беше и конечен резултат.