Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул минатата среда без поголеми проблеми, со „измешан“ состав, како гости го совладаа тимот на Милтон Кејнс Донс во 1/16 финалеот од англискиот Лига куп (Карабао куп).
Редсите изборија пласман во 1/8 финалето каде што ќе ги одмерат силите со Арсенал.
Меѓутоа, набрзо после натпреварот се појавија шпекулации дека Ливерпул би можел да биде исфрлен од натпреварувањето. Имено, ЕФЛ покренале истрага, бидејќи за Ливерпул играл 22-годишниот Шпанец Педро Чиривела иако немал потребна дозвола.
Поточно, Чиривела не добил меѓународна дозвола за играње, откако се вратил од позајмица, но дошло до занемарување и Јирген Клоп го уфрлил во игра против МК Донс.
Истрагата на ЕФЛ е завршена, а Ливерпул сепак нема да биде исфрлен од Лига Купот.
Имено, одлучено е Редсите да прават парична казна и тоа во износ од 200.000 фунти.
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Арсенал се игра на 29. октомври на Енфилд.