Ливерпул славеше во дерби пресметката со Арсенал и стана третиот тим во Премиер со стопостотен учинок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Ливепрул славеше очекувана победа против тимот на Арсенал од 3:1 во денешниот дерби натпревар одигран на „Енфилд“.

Арсенал прв дојде до водство со голот кој го постигна Александре Лаказет, но по само две и пол минути тимот на Ливерпул го израмни резултатот преку Садио Мане.

Потоа следуваше уште еден брз гол кој го реализираше Енди Робертсон, па со 2:1 се замина на полувреме.

Арсенал во вториот дел имаше огромна шанса да ог израмни резултатот преку Лаказет, но Алисон одлично одбрани.

Казната стигна пред самиот крај кога новајлијата, Диого Жота погоди за 3:1 и го постави конечниот резултат на средбата.