Ливерпул со седум гола ја наполни мрежата на Кристал Палас 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул славеше на гостувањето кај Кристал Палас со 7-0 во 14. коло од англиската Премиерлига и така се зацврсти на првата позиција на табелата.

Актуелниот шампион во првото полувреме постигна голови преку Минамино, Мане и Фирмино, а во вториот дел во листата со стрелци се запишаа Хендерсон, Фирмино по вторпат и Салах додаде уште два гола за конечни 7-0.

Ливерпул е прв со 31 бод на табелата, по што следи Тотенхем со 25 бодови.