Ливерпул влезе во преговори за продолжување на договорот на една од своите ѕвезди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул во следниот период ќе се насочат кон продолжување на договорите на играчите кои се во клубот.

Откако стана јасно дека Дејан Ловрен и Адам Лалана ќе си заминат, сега на ред се останувањата во клубот.

Така, холандскиот интернационалец, Џеорџињо Вајналдум ќе потпише нов, долгогодишен договор со „црвените“.

Актуелниот договор на популарниот Џио истекува во 2023 година, а со новото продолжување тој би траел до 2026 година.