Ливерпул загуби, а Клоп им се налути на судиите: Првиот гол не беше регуларен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ливерпул загуби од Вест хем во неделата со 2-3, а Јирген Клоп беше исклучително лут поради судењето на арбитарот Крег Поусон.

Германецот кажа дека при првиот гол на „чеканите“ не бил досуден очигледен прекршок врз бразилскиот голман Алисон.

„При првиот гол имаше прекршок врз голманот. Раката беше на негвата рака и како може да ја фати топката без да го влече некој? Тоа нема смисла. Тоа е типичен изговор за ВАР да каже дека нешто не е очигледно… Што требаше да направи? Ако играчот тргне кон голманот, како може тој да одбрани?“, вели Германецот.

Клоп бараше и директен црвен картон за Арон Кресвел поради брутален старт, но на крајот судијата не му ја исполни желбата.