Лопез заминува, Челси реална опција?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте во Челси го повикал голманот на Милан Диего Лопез.

Искусниот чувар на мрежата (34) изминатата сезона го изгуби местото помеѓу стативите на Милан и сериозно размислува за заминување од “Сан Сиро”, а за неговите услуги постои голем интерес од Шпанија и Англија.

Медиумите во Италија веќе тврдат дека Лопез бил конткатиран од страна на тренерот на Челси кој го гледа како резерва за Куртоа, но проблем во овој трансфер би можел да прави босанскиот голман, Асмир Беговиќ.

Беговиќ е на излезни врати од клубот, но сеуште не пристигнала сериозна понуда. Изминатите недели се шпекулираше дека него во своите редови го сакаат Кристал Палас и Евертон.