Лоши вести стигнаа од Минхен за Перишиќ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ одигра сезона од соништата со Баерн.

Баварците освоија се што можеа, а Иван Перишиќ одигра навистина добро и има свои заслуги за освојување трофеи.

Сепак, влегувањето во новата сезона не може да го прави среќен овој фудбалер на кој било начин. Тој претрпе два тешки порази со репрезентацијата на Хрватска (Португалија и Франција), а денес слушна лоши вести од Минен.

Тој нема да го носи дресот на Баерн од следната сезона. Баварците одлучија да не го откупат неговиот договор од Интер и тој ќе се врати во тимот од Милано.

Ова денес го потврди тренерот на германскиот великан Ханс Флик, а Перишиќ ќе им се приклучи на „Нероаѕурите“ на подготовките за новата сезона.

Перишиќ одигра 35 натпревари за Баерн и постигна осум голови.