Ловец на пари: Мурињо е блиску до потрошени милијарда фунти


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го доби во вторникот долго очекуваното засилување.

Пол Погба стигна меѓу Црвените ѓаволи во најголем трансфер на сите времиња, а Жозе Мурињо пополека до сума од милијарда фунти потрошени на засилувања од 2004 година и доаѓањето во Челси.

Кога во 2004 година стигна на Стенфорд Бриџ, Мурињо доби огромни пари за засилувања од Роман Абрамович.

Тогаш за големи имиња беше доволно да се издвојат 81.2 милиони фунти, а вкупно пред отказот во септември 2007 годиан потроши 219 милиони фунти во Западен Лондон.

Најскап играч кој го доведе беше Андриј Шевченко, кој Челси го плати 30 милиони фунти.

Потоа посебниот отиде во Интер. И тука ја проби бариерата од потрошени 100 милиони фунти на засилувања, а најскапо го плати Самуел Ето, нешто преку 17 милиони фунти.

Потоа следеше заминување во Реал и нови трошења. Во Реал вкупно потроши 147 милиони фунти, пред ново враќање во Челси каде што потроши 232 милиони фунти.

Сепак, доаѓањето во Манчестер надмина се.

За три засилувања издвои дури 156 милиони фунти, и Португалецот стигна до бројката од 856 милиони фунти кои се потрошени на трансфери во текот на многу успешната кариера.

Извесно е дека Посебниот веќе во наредното лето ќе ја надмине бројката од потрошени милијарда фунти на засилувања.