Ловот може да почне: Гигантите во јуриш по потписот на Алаба!


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба е на листата со желби на најголемите европски гиганти, откако стана јасно дека нема да го продолжи договорот со Баварците.

Бундеслигашот објави дека ги прекинал преговорите со Алаба, кој има договор до крајот на сезоната, па јасно е дека фудбалерот ќе си замине целосно бесплатно на лето.

„АС“ тврди дека Алаба е голема желба на Реал Мадрид, но Барселона исто така ќе влезе во битката за неговиот потпис, особено поради фактот што играчот ќе биде слободен агент.

ПСЖ, Јувентус, Манчестер Сити и Ливерпул исто така покажуваат сериозен интерес за Австриецот, па се очекува наскоро да стапат во контакт со неговиот агент.

Весникот тврди дека Реал Мадрид и Барселона се во предност пред останатите клубови бидејќи Алаба преферира да се пресели во Примера.